Избрани најдобрите на Мундијалот во Русија


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Репрезентативецот на Хрватска, Лука Модриќ е избран за најдобриот фудбалер на Светското првенство во Русија.

За најдобар голман е избран Тибо Куртоа од репрезентацијата на Белгија, додека Килијан Мбапе беше избран за најдобар млад фудбалер на турнирот.

Најдобар стрелец е голгетерот на Англија, Хари Кејн со шест постигнати погодоци.