Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа година во Струга по 45 пат ќе се одржи традиционалниот ракометен турнир „Струга 2017“.
Турнирот се одржува на игралиштето кај Женска плажа, а оваа година учество на истиот ќе земат шест екипи меѓу кои бранителот од минатата сезона Шатр (Франција), Бешикташ од Турција и вицешампионот на Шведска, Алингсас.
Претставници на нашата држава ќе бидат Металург, Охрид и домаќинот и организатор, Струга.
Денес беше извршена и ждрепка која ги одреди противниците кои ќе вкрстат во две групи.
Група А: Охрид, Бешикташ, Алингсас
Група Б: Металург, Струга, Шатр
Турнирот ќе се одржи од 12 до 15 август, а бранител на трофејот е францускиот тим на Шатр.