Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Одбранбениот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Крис Смолинг ќе остане на „Олд Трафорд“ и во следните четири години откако потпиша нов договор кој истекува во 2022 година.
Смолинг игра доста променливо изминативе години и во последно време често се поврзуваше со заминување од клубот.
Сепак, по најновата објава на клубот станува јасно дека англискиот дефанзивец ќе остане на „Олд Трафорд“ и во следниот период.
„Ова е мојата деветта сезона со клубот и сум презадоволен што ќе продолжам да играм тука. Голема е честа да се игра за Манчестер Јунајтед, а ние сега сите се концентрираме на натрупаниот распоред натпревари во овој празничен период“ –коментираше Смолинг по потпишувањето на договорот.