Илиев заминува од Арсенал но останува во Премиер Лигата


Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Македонскиот голман кој брани во младинскиот тим на Арсенал веројатно ќе го напушти Лондон и ќе се пресели во Велс затоа што интерес за него има од тимот на Свонси.

Ова го дознава еден од најдобрите медиуми на Островот „ЕСПН“ од добро упатени извори од клубот кој се натпреварува на „Либерти“.

Тренер на голманите во овој момент во Свонси е Тони Робертс кој го тренираше Илиев во Арсенал и лично тој побарал нашиот младински репрезентативец да биде донесен на „Либерти“.

Договорот на Илиев со Арсенал истекува следното лето, па многу е веројатно дека тој ќе си замине од клубот оваа зима.