Им нема крај на малерите: Гатузо со нови главоболки, кои ќе го чинат нова формација…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Едно од летните засилувања на „Росонерите“, Матрија Калдара запиша само еден настап во дресот на Милан оваа сезона, а неодамна е обелоденето дека поради повреда ќе пропушти уште неколку месеци.

Лекарскиот тим на клубот и медицинскиот персонал ќе имаат полни раце работи во следниот период, со оглед на тоа дека поради повреда неколку месеци надвор од теренот би можел да биде и искусниот играч за врска Лукас Биља.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, аргентинскиот фудбалер го повредил листот и се претпоставува дека околу два месеци ќе паузира.

Тој се повреди во текот на загревањето пред мечот со Џенова, па „Сан Сиро“ го напушти со штаки.

По дополнителни прегледи утврдено е дека дошло до лезија на листот на десната нога, а новата проценка ќе биде објавена за 15 дена.

Против „Грифон“ го одмени Бакајоко, но поради повредата на Биља тренерот на Милан, Гатузо ќе мора да ја промени и целокупната формација, пренесуваат италијанските медиуми.

Биља е еден од најстандардните фудбалери на „Росонерите“ оваа сезона, задниот играч за врска запиша девет настапи во Серија А и два во Лига Европа.