Инзаги потврди: Две големи засилувања стигнуваат во Лацио

Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги потврди дека клубот од Рим ќе ги засили своите редови со двајца одлични играчи.

На „Олимпико“ од следната сезона ќе играат Милан Бадељ и Жоакин Кореа кои ќе ги засилат позициите во средниот ред и нападот.

„Бадељ е важен играч и ќе не подобри во средината на теренот, додека Фелипе Андерсон го заменивме со Кореа. Задоволен сум што го донесовме Кореа, тој е млад и квалитетен“ –потенцираше Инзаги.

Сергеј Милинковиќ Савиќ исто така се поврзува со останување со Лацио, па доколку се случат ваквите најави, Лацио ќе има моќен тим и следната сезона.