Интересен потег на Удинезе: Против Лацио играа со 11 различни дресови (Фото)

Фудбалерите на Удинезе на натпреварот против Лацио носеа 11 различни дресови од претходните 11 сезони.

Сите дресови, нормално, беа во препознатливите бои на Удинезе, црно-бели, а причината на ваквото излегување на терен беше хуманитарна акција.

Имено, главниот спонзор на клубот „Дачија“ организираше хуманитарна акција во која 11 фанови ги донираа своите дресови, а фудбалерите ги носеа на натпреварот против Лацио. Веднаш по натпреварот истите беа продадени, а собраните средства се искористија во хуманитарни цели.