До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
На натпреварот од последното коло од Чемпионшип, во кој видовме и директна промоција на Кардиф во Премиер Лигата се чинеше дека е направен голем пропуст .
Имено медиумите објавија видео во кое играч на Рединг изведува аут длабоко од средината на теренот, и посочија дека ова е голем пропуст на главниот судија. Сепак, ако се погледне подобро ќе се види дека се беше регуларно.
На снимката се гледа дека аут линијата се поклопува со сенката од трибината, а зад неа постои подебела бела линија зад која се рекламните паноа.













