Интер го брка „големото засилување“: Прашањето е дали тој сака да замине од клубот?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Бразилскиот фудбалер Габриел Барбоса ова лето стигна како големо засилување во Интер од Сантос.

    Габигол на крајот одлучи да потпише за Интер, иако имаше многу други понуди од европски клубови.

    Италијанската екипа го плати 30 милиони евра, но Габигол во досегашниот дел од сезоната не играше премногу, односно одигра само 20 минути.

    Италијанските медиуми веќе неколку недели го селат од клубот, но тој изјави дека нема намера да го напушти Интер бидејќи сака да се докаже во овој клуб.

    Овој напаѓач има понуда од Болоња и Емполи да замине на позајмица до крајот на сезоната, но очигледно тој не сака да замине.

    Навивачите на Интер се надеваат дека конечно тој ќе добие вистинска шанса и да покаже колку навистина знае и вреди.