До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Од таборот на Интер започнаа преговори со Барселона за услугите на младиот шпански репрезентативец, Џерард Делуфеу.
„Газета дело Спорт“ пишува дека Интер го посакува поранешниот фудбалер на Милан на шестмесечна позајмица, но Каталонците сакаат уште во јануари да го продадат брзоногиот фудбалер.
Со доаѓањето на Фелипе Кутињо и комплетното заздравување на Осман Дембеле станува јасно дека Џерард Делуфеу ќе биде прекуброен во офанзивниот дел на тимот на Барселона, па ќе мора среќата да си ја бара во друг тим.















