Иско има еден услов за да остане во Реал Мадрид


    Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Иско има еден услов за да остане во Реал Мадрид, а тоа е да му биде гарантирано дека ќе има доволно минутажа.

    Од почетокот на сезоната, Иско започна како стартер во 8 од 17 натрпевари на Реал Мадрид.

    24-годишниот фудбалер се уште не е сигурен во својата иднина и токму поради тоа им забранил на сите луѓе од неговиот круг да коментираат за неговите односи со „белите“.

    Иско пристигна во „кралскиот клуб“ во 2013. година од Малага за 30 милиони евра, а сегашниот договор му истекува во 2018. година.