Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Италијанските клубови Јувентус и Милан го следат играчот за врска на Арсенал, Санти Казорла.
Наредното лето тој ќе биде слободен играч и тоа е главна причина поради која го следат италијанските гиганти.
Познато е дека Јуве и Милан имаат обичај да донесат искусен мајстор на кој му завршува договорот и сега е прашање кој ќе победи во борбата за неговиот потпис.
Медиумите тврдат дека скоро е невозможно Казорла да го продолжи договорот со Арсенал и дека Италија е негова наредна дестинација.
Тој во јануари би требало да преговара со други клубови и да постигне договор.