Итен состанок во Јунајтед – што ќе се случи со Мурињо!?


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Некои од играчите на Манчестер јунајтед ќе имаат мал одмор за време на репрезентативната пауза, па ќе се обидат да се вратат во форма.

Јунајтед се соочува со голема криза, па во минатото коло едвај го победи Њукасл со 3-2.

Без разлика на таа победа, англиските медиуми шпекулираа дека Жозе Мурињо ќе добие отказ, а тоа ќе дознае по денешниот состанок.

Локалните медиуми во Англија пишуваа дека Мурињо нема да добие отказ, туку членовите на управата планирале да му дадат поддршка.