ИТФ предупредува: Нема да може да се извлечете како Шарапова!


    Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


    Меѓународната тениска федерација ги предупреди тенисерите дека ако бидат позитивни на недозволени супстанции нема да можат толку лесно да се извлечат ако кажат дека не знаеле дека биле на листата на забранети.

    Такво предупредување доаѓа откако суспензијата на Шарапова поради позитивниот тест е намалена од 24 месеци на 15.

    Мелдониумот се најде на листата на забранети супстанции од 1 јануари оваа година, но во корист на Шарапова е тоа што немало никакво предупредување за промената на статусот на тој лек.

    „Го разгледавме и продолжуваме да го разгледуваме процесот на комуникација со играчите и доставувањето на забранетите листи.“

    Шарапова ќе може да се врати на терените на 26 април.

    „Научив нешто од ова, а се надевам дека и ИТФ.“, изјави таа.

    29-годишната тенисерка беше позитивна на мелдониум на Австралија Опен.