Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Како што пишува „Мундо Депортиво“ од Барселона подготвуваат нов договор за Сержи Роберто во кој ќе вметнат неверојатна откупна клаузула од 400 милиони евра.
„Каталонците“ се во преговори со претставниците на фудбалерот за продолжување на актуелниот договор кој му истекува во 2019 година. Тие испратиле понуда до агентот Жозеп Мариа Оробит и му назначиле дека сакаат да ја зголемат неговата откупна клаузула од 40 милиони на 400 милиони евра.
Барселона сака да го зачува својот фудбалер кој е член на академијата на овој клуб до 2022 година.