Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Летниот трансфер период во Италија ќе се затвори на 18 август оваа година, еден ден пред стартот на новата сезона во Серија А.
Одлуката да се затвори трансфер периодот пред да започне првенството значи дека Италијанците го следат примерот на Премиер лигата од каде во септември одлучија трансфер периодот да се затвори на 9 август ова лето.
Претставникот на Серија А, Џовани Малаго истакна дека и зимскиот трансфер период ќе биде затворен пред првенството во Италија да продолжи на 20 јануари по нивната зимска пауза.