Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинецот веќе седум години е во клубот, оствари брдо успеси и ги подигна „Јорганџиите“ на едно повисоко ниво, но во последно време не му цветаат рози и се почесто се пипува за неговата судбина на клупата на Атлетико.
Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне истакна денес дека разговарал со челниците за неговата иднина во клубот и истакна дека е полн со енергија.
„Разговаравме на таа тема, да, но ништо повеќе од тоа и се што се пишува е лага. Имам повеќе енергија сега откако кога пристигнав во клубот“, истакна Симеоне за шпанските медиуми.
Симеоне е тренер на Атлетико од 2011. година.
Шпанските и европските медиуми во изминатиот период се занимаваа со неговиот статус и уште е нејасно дали ќе остане во Мадрид.
Договорот со Атлетико, кој го потпиша изминатата година, го врзува до летото 2020. година.
Симеоне со Атлетико еднаш беше шампион на Шпанија, го освои Купот на Кралевите, Супер Купот на Ппанија, две Лига Европа и два Суперкупа на Европа. На двапати беше финалист во Лигата на шампионите.
Атлетико Мадрид моментално е третопласиран на табелата во шпанска Примера со 245 бода од 13 кола, имаат два помалку од водечката Севиља, а еден помалку од второпласираната Барселона.