Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Матс Виландер, освојувач на 7 Грен слем титули, вели дека Мареј моментално е осамен на првото место на АТП листата.
„Ако бидеме искрени, може ли Федерер на 35 години да освои уште некој Грен Слем и да им се закани на најдобрите? На моменти да, но не сум сигурен. Надал може да освои уште некој трофеј, но нема игра за да биде преголема закана на тврда подлога и затоа не може да биде број еден.“
„Ѓоковиќ е тука долго и во некои моменти неговата мотивација може да се намали. И кој остана? Секако дека тоа е Енди Мареј. Научи да игра се подобро и да остане таму каде што е.“
Со победа против Ѓоковиќ во Лондон, Мареј си го осигура првото место во светот.