И Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за Милинковиќ Савиќ


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


И англискиот гигант Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за суперталентираниот фудбалер на Лацио, Сергеј Милинкоивќ Савиќ.

Тутоспорт пренесува дека токму Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид ќе бидат главните фаворити за неговиот потпис и покрај фактот што Србинот се поврзуваше со трансфер во ПСЖ за енормни 200 милиони евра.

Италијанскиот медиум сепак ја намалува цената која би ја платиле „ѓаволите“ или „кралевите“ и таа изнесува околу 80 милиони фунти, далеку помала сума од таа што се шпекулираше дека би ја платил ПСЖ.