И покрај најавите, Бакајоко нема да се врати во Челси


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според агентот на фудбалерот на Челси кој во моментов настапува како позајмен фудбалер во Милан, Тем Бакајоко, неговиот клиент нема да се врати порано од предвиденото во Лондон.

„Бакајоко е среќен во Милан и од Милан се среќни со него. Се знаеше дека ќе му треба време за да се прилагоди, но сите се убедени дека тој може да придонесе многу оваа сезона. Сите тие озборувања за наводно враќање во Челси се чиста лага“ –коментираше Федерико Пасторело во изјава за „Калчомеркато“.

Медиумите во Италија пренесоа вести дека од Милан не се задоволни со Бакајоко и дека уште во јануари ќе го вратат во неговиот матичен клуб Челси.