Кавани: Постоеше кавга со Нејмар

Уругвајскиот напаѓач од редовите на ПСЖ, Единсон Кавани призна дека на почетокот на сезоната имал конфликт со Нејмар.

Се исплива на површина кога на еден натпревар Кавани и Нејмар се скараа кој да го изведе пеналот за тимот. Од ПСЖ секако негираа се, но Кавани сега одлучи да проговори што се случувало.

„Нејмар е ѕвезда, а јас не сум. Јас сум како коњ на фарма, работам на теренот и надвор од него за да дојдам до некое ниво и да заработам плата. Тоа му го кажав и на Нејмар“- коментираше Кавани.

Кавани изјави дека по конфликтот со бразилската ѕвезда му кажал дека мора да се насочат кон тимот затоа што тој е на првото место.