Каде ли „отиде“ фудбалот: Убиен судија поради црвен картон


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Фудбалер на еден тим од Мексико, Рубен Васкез минатиот викенд го уби 56-годишен судија, Виктор Трех, кој пред трагичниот настан му покажа црвен картон.

    Според медиумите, Васкез веднаш по исклучувањата дошол до судијата и со глава го удрил во лицето.

    Судијата паднал на земја и набрзо престанал да дише, а не можеа да му помогне ни брзата интервенција на лекарите.

    Фудбалерот побегнал од местото на несреќата и сеуште нема информација дали полицијата го нашла.