Кажа „ДА“! Имаме историски трансфер од над 100 милиони евра!

Медиумите пренесуваат дека Мбапе се согласил да се пресели во Реал Мадрид.

„Марка“ тврди дека Мбапе имал големи понуди од Јунајтед и ПСЖ, но дека без размислување ја прифатил понудата на Зидан.

Се очекува трансферот да изнесува над 100 милиони евра и нема сомнеж дека ова би бил трансфер кој ќе го одбележи летото 2017.

Реал се откажа од Азар и Дибала, затоа што Иско и Асенсио покажаа дека имаат квалитет да играат за Реал.

Овој трансфер најверојатно значи дека Бензема официјално ќе замине од тимот во лето.

Зидан е запознаен со квалитетите на Мбапе, затоашто тој беше гостин на кампот на Реал пред неколку години.

Мбапе игра сезона од соништата, особено ова лето и е на добар пат да ја освои Лига 1 со Монако.