Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот Нејмар јавно ја поддржа одлуката на менаџерот на ПСЖ, Томас Тухел да го отстрани Килијан Мбапе откако тој задоцнил на состанокот пред мечот.
Мбапе го замени Јулијан Дракслер во стартните 11-мина во неделата, кога ПСЖ славеше против Марсеј.
ПСЖ го доби мечот со 2:0.
„Ова е помеѓу нив, Мбапе, Рабиот и тренерот. Да, тие мораат да ги почитуваат плановите и распоредот, затоа останаа на клупата“.
„Знаат дека се важни за нивниот тим, ние поради тоа се мачевме. Штом влезе Мбапе постигнавме гол, но ова е внатрешна работа“.
Тухел призна дека 19-годишниот фудбалер е доведен во непријатна ситуација, но дека немал опција да се повика на правилникот на клубот, без оглед колку Мбапе е добар играч и без оглед на статусот играч.
„Морав добро да размислам. Ако играчот пристигне доцна на состанок, мора да биде санкциониран“, истакна тренерот на ПСЖ.
ПСЖ веќе има 8 бода предност на врвот по само 11 меча оваа сезона, но се трети во својата група во Лигата на шампионите зад Ливерпул и Наполи.