До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Санти Казорла истакна дека се уште не му е понуден нов договор од страна на Арсенал и веројатно ќе замине по крајот на оваа сезона.
Шпанскиот плејмејкер нема настап за „топчиите“ од октомври 2016 година, а актуелниот договор со Арсенал завршува на крајот на оваа сезона.
„Договорот ми завршува во јуни и јас не знам ништо за мојата иднина. Се ќе биде познато во моментот кога ќе ми понудат нешто во Арсенал.
Да се вратам во шпанската лига? Па, засега размислувам само за играње фудбал повторно“- коментираше Казорла за Ел Ларгуеро.















