Какво друштво! Лотар, Дејо, Меси, Роналдињо, Марадона…


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Сите тие на едно место, и уште многу други…

    Легендарниот германски фудбалер, а потоа и успешен тренер на Партизан Лотар Матеус вечерва на Твитер предизвика доста позитивна реакција, потсетувајќи на многу некогашни, но и сегашни големи асови, чиј заштитен знак е таа магична „десетка“.

    Матеус и самиот тој во играчката кариера го носеше бројот 10 на грбот, а на оваа слика која ја објави на својот профил „друштво му прават“ и Пеле, Лео Меси, Дејо Савичевиќ, Диего Марадона, Роналдињо, Азар, Озил, Ди Натале, Хаџи, Ривалдо, Манчини, Бергкамп, Руни, Баџо, Тевез, Платини, Фиго, Ѕола, Рикелме, Снајдер, Тоти…

    Дали уште некој ќе додадете на овој импресивен список?