Канонада од голови за Лајпциг: Вардар шампионски се прошета низ Германија


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Тимот на Вардар успешно ја заврши својата мисија во Германија. Тие со 5 победи и само еден пораз завршија на првото место во група „Б“ пред Ференцварош.

    Денес се одигра натпреварот против Лајпциг, кој беше нешто како тренинг за ракометарките на Вардар затоа што успеаа да победат со неверојатни 45:22.

    Најдобра во нашиот состав беше Александра Лакрабер со 10 постигнати голови од исто толку испратени удари. Со таков процент на успешни удари завршија и Јованка Радичевиќ со 5 од 5, Андреа Човиќ и Сара Ристовска со 4 од 4.

    Во наредната фаза од ЛШ, Вардар започнува од првата позиција со 7 пренесени бодови. Тие во главната фаза ќе играат против екипите од група „А“, поточно Будуќност, Мец и Турингер.

    Натпреварите започнуваат на 27 јануари 2017-та година, а сега следува пауза во ЛШ.