Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот репрезентативец Нголо Канте се пофали со нова позиција која му ја доделил новиот предводник на клубот, Маурисио Сари.
Челси синоќа победи со 3:0 против Хадерсфилд, а првиот гол за тимот го постигна токму Канте.
Не е вообичаено омилениот играч на фановите да постигнува голови, но штом Сари му дал шанса да игра повеќе во нападот, очигледно дека почесто ќе погодува.
„Нов менаџер и нов систем. Играм поофанзивно и ќе дадам се од себе целиот тим да биде добар во новата сезона. Со овој систем и јас играм поофанзивно каде сум во почест контакт со напаѓачите“- истакна Канте.