Канте сака да остане во Челси


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Играчот на Челси, Нголо Канте кој минатата сезона беше еден од најдобрите фудбалери во светот на неговата позиција истакна дека нема намера да го напушти клубот ова лето.

Во јавноста долго се шпекулира дека за него постои интерес од редовите на францускиот гигант ПСЖ, но Канте негираше трансфер во друг клуб.

„Јас сум дома, не одам никаде. Ова е мојот клуб. Јас сум фудбалер на Челси. Ќе се бориме до крајот да завршиме во топ четири и да обезбедиме пласман во Лигата на шампионите“- коментираше Канте за „Лондон Ивнинг Стандард“.

Французинот на „Стемфорд Бриџ“ пристигна од редовите на Лестер и стана еден од ретките фудбалери кои освоил Премиер лига две сезони по ред но со различни клубови.