Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусниот голман на Порто, Икер Касилјас, го откри името на тимот во кој сака да ја заврши својата богата кариера.
Касилјас во 2015. година замина од Реал Мадрид, откако меѓу „кралевите“ помина 16 години, а иако постојано се пишуваше дека ќе се врати во Шпанија, тоа нема да се случи.
Шпанецот планира да ја заврши кариерата во Порто, каде што го прифатија по заминувањето од „кралевите“.
„Поминав голем дел од кариерата во Реал, најдобриот тим во историјата. Но, потоа дојдов во екипата на Порто. Ова е голем тим и среќен сум што сум тука. Сакам тука да ја завршам кариерата“, кажа Касилјас.
Легендарниот шпански голман има договор до наредната година. А, ова најверојатно ќе биде негова последна сезона во кариерата во која има повеќе од 700 настапи за Реал и повеќе од 100 за Порто.