Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерите на Интер повторно ги разочараа своите навивачи по денешниот пораз на домашен терен од Каљари со 2:1.
Првото полувреме помина во доминација на домашниот тим, а најголема шанса во 26-та минута имаше Икарди кој не успеа да реализира пенал.
Во продолжението беа постигнати 3 голови, еден во мрежата на гостите и 2 во мрежата на домаќините.
Прво Интер го превзема водството во 56-та минута кога Марио ја затресе мрежата на гостите. Но само 15 минути подоцна, Каљари стигна до израмнување со голот на Федерико.
Кога се мислеше дека тоа ќе биде конечен резултат, нов шок за домаќините во 85-та минута кога Хандановиќ постигна автогол за победа на гостите.
Уште еден тим од Италија кој ги разочара своите навивачи беше Лацио кој освои само бод на домашен терен против Болоња.
Гостите го превземаа водството во 10-та минута кога Хеландер постигна гол. Домаќините успеаа да се спасат дури во 97-та минута кога Имобиле погоди од пенал.
Од останатите резултати, Сасуоло победи против Кротоне со 2:1 додека Џенова и Емполи одиграа нерешено.