Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Чешката тенисерка, Петра Квиторва успеа да се врати во врвот на светскиот тенис, откако во 2016. година беше нападната во својот стан.
Напаѓачот тогаш ги исекол прстите се до живците.
„Вриштев, крв имаше насекаде. Имав нож на вратот“, истакна Квитова на судењето на нејзиниот напаѓач, Радим Зондри.
Финалистката на овогодишниот Австралија Опен успеа да се врати на тенисот откако Зондри со нож за малку ќе и ги пресечел прстите со кои игра тенис. Тој се претставил како сервисер и потоа ја нападнал во нејзиниот дом.
Докторите најпрво мислеле дека Квитова би можела да остане без чувство во левата рака бијдеќи по неа била исечена. Ножот ги зафатил живците и сите се плашеа дека нема да може да и функционираат два прста, што би значело крај на тениската кариера.
Операцијата траела четири часа, а докторите успеалње да и ги спасат живците на левата рака. Биле фатени две живци и сте пет играчки прсти на раката на Квитова.
И беа потребни пет месеци да се врати на тениските терени. Челичната волја и упорноста ја вратија на тенисот, но на ниту еден Грен Слем по закрепнувањето не успеа да мине подалеку од четвртфиналето. Се до оваа година кога на Австралија Опен пристигна до финалето.