„Кирјос не може да се смени“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Познатиот австралиски тенисер, Марк Филипусис изјави дека Кирјос мора под итно да сфати некои работи и да го искористи времето кое го има за да се пробие, пред да биде доцна.

    Кирјос важи за еден од најголемите таленти во светот, но последната година беше во центар на внимание поради своето однесување, а не поради игрите.

    „Ќе трепнете и одеднаш ќе имате 26 години, ќе бидете помеѓу 20 и 30 место на светот и сите ќе размислуваат што се случило. Утре не постои, само денес.“

    Младиот тенисер поради последниот во низа инциденти е суспендиран до крајот на сезоната и мора да посетува психолог.

    „Дефинитивно не можам да го поддржам тоа што се случи, а тој исто знае колку згреши, но имаше луда година. Да сум му јас тренер, би му рекол дека е многу важно тоа што не може да го смени тоа што е.“