Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако Ајзеа Томас го разочара лекарскиот тим на Кливленд Кавалирс и не ги помина медицинските прегледи, Кавси се решија да го откажат трејдот во кој оригинално Ирвинг требаше да се пресели во Бостон а Ајзеа да заврши во Кливленд.
Според последните информации од таборот на Кливленд Кавалирс, тие нема да го откажат трејдот туку ќе бараат Бостон да ја засилат понудата. Имено, Кливленд бараат од Селтикси да вметнат уште најмалку еден иден пик ако сакаат да се официјализира трејдот. Засега понудата беше следната: од Бостон во Кливленд одат Ајзеа Томас, Џеј Краудер, Анте Жижиќ и пик од прва рунда во 2018 година а во спротивна насока оди Кајри Ирвинг.
Засега нема никаква официјална потврда од ниту еден од тимовите и трејдот е откажан, но тоа не значи дека во наредните неколку дена тимот на Бостон нема повторно да го контактира раководството на Кавси.
Односот помеѓу Кајри Ирвинг и Кливленд Кавалирс е целосно мртов а незадоволен од развојот на настаните во Бостон е и Ајзеа Томас, па така најлогично решение би било Бостон едноставно да ги исполни барањата на Кавси и да додаде уште еден иден пик во зделката.