Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Пред неколку денови на радост на сите љубители на боксот беше објавено дека на 10-ти декемвир ќе се борат Кличко и Џошуа.
Овој натпревар беше најавуван како голем спектакл во Манчестер за титулата во тешката категорија.
Сепак, неколку денови потоа организаторите соопштија дека натпреварот ќе биде одложен.
Причина е тоа што Кличко се повредил на еден од тренинзите, па љубителите на боксот ќе мора да почекаат уште малку, да бидеме попрецизни уште неколку месеци.
Се појавија вести и дека ова е поради страв на Кличко, а не повреда.