Кличко се враќа: Уште сум добар како порано!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Владимир Кличко, кажа дека би можел да се врати во рингот, но под посебни правила.

Кличко кажа дека би сакал да постави рекорд како најстар шампион во тешка категорија.

„За да бидам во рингот, мора да се случи нешто неверојатно. Некој да ме извлече од пензија. И понатаму сум добар, но не знам колку ќе ја одржам оваа форма. Ако бидам добар на 45 или 46 години, тоа би било добар момент да се вратам и да поставам рекорд“, кажа Кличко.