„Клоп ме спаси! Јас никогаш не престанувам да се борам, ќе бидам подобар!“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Дејан Ловрен по 2 и пол години во Ливерпул е еден од омилените играчи помеѓу навивачите на Ливерпул, но никој не заборави колку тежок почеток имаше во клубот.

    „Бев во добра форма кога стигнав и психички силен. Во првите три, четири натпревари имав самодоверба и верував во себе.“

    „Едноставно барав форма од почетокот, од Саутемптон до сега. Тешко е да се игра цел натпревар кога не оди. Кога ќе згрешиш сите те критикуваат тебе. Не беше баш среќно време за мене. Луѓето веднаш очекуваа многу од мене бидејќи клубот скапо ме плати.“

    „Се се смени откако стигна Клоп. Ми ја врати самодовербата. Со него постојано напредувам.“

    Не е Ловредн единствен кој во првата сезона мораше да се бори со големите критики. Сличен пат помина и Адам Лалана.

    „Ги разбирам навивачите и се надевам дека тие можат да ме разберат мене. Најважна работа е дека играчите кои се психички силни никогаш не престануваат да се борат. Адам, јас и уште неколку играчи покажаа сила, успеавме да се вратиме.“

    „Тоа е потребно за натпреварите. Се игра на секои три или четири денови, има големи натпревари и има многу стрес. Мораш да бидеш подготвен на тешка работа.“