Клоп не сака да мирува: Ливерпул се засилува со Германец!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Јирген Клоп прави спектакуларни работи во Ливерпул, а најави и дека ќе купи неколку фудбалери во јануари, особено во нападот.

    Бидејќи Мане заминува на Африканскиот куп на нации, сигурно ќе стигне напаѓач, но едно име се споменува и како засилување во одбраната. Медиумите пишуваат дека Клоп ќе понуди преку 20 милиони за Џонатан, кој настапува во Баер Леверкузен.

    Станува збор за млад репрезентативец на Германија кој веќе има 2 настапи за првиот тим на Германија.