Ковачиќ го одбил Манчестер Јунајтед поради Мурињо

Матео Ковачиќ ја одбил понудата на Манчестер Јунајтед поради португалскиот стратег, Жозе Мурињо.

Наводно, хрватскиот интернационалец не бил задоволен од тактиката која ја форсира Мурињо и не сакал да биде дел од таков колектив.

Играчот од средниот ред посакува да си замине од Реал Мадрид, а меѓу кандидатите за негов потпис беше токму и Манчестер Јунајтед. Сега за него на маса останува отворена понудата за премин во Милан или за трансфер во Тотенхем.