Ковач воведе ново правило поради арогантните ѕвезди во Баерн


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ѕвездите на баварскиот великан не се задоволни од методите за трениг кој им ги зададе Ковач, а наводно хрватскиот стручњак не е никаков авторитет во соблекувалната.

Арогантноста на одредени ѕвезди ги поминала сите граници, а наводно на првенствениот натпревар против Волфсбург Френк Рибери и Боатенг одбиле да се загреваат.

Искусниот Французин не сакал да се загрева и седел на рекламното пано, а поради тоа Ковач полудел.

Блиц тврди дека веднаш вовел ново правило. Сите играчи мораат да се загреваат пред натпреварот, што тоа досега го правеше само почетниот состав.

Ковач очигледно сеуште има проблеми во тимот, а раководството на баварскиот великан би требало да размисли за иднината на тимот.