Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Европскиот гигант Реал Мадрид следното лето ќе се обиде да ги добие потписите на Флоријан Вирц и тренерот Чаби Алонсо, објави новинарот Флориан Плетенберг.
Германскиот новинар тврди дека сè уште не се почнати разговорите меѓу двете екипи, но „фармацевтите“ се расположени да го продадат Вирц во Мадрид, со цел да избегнат сценарио тој да потпише за Баерн Минхен.
Вирц минатата сезона постигна 18 голови и 20 асистенции во сите натпреварувања со Леверкузен, а ги освои Бундеслигата и германскиот Куп, но играше и финале во Лига Европа.