Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Кошаркарите на Кожув на домашен паркет ја совладаа Сигал Приштина во натпревар од 10-то коло од групата фаза во БИБЛ, 73:65.
После првата четвртина Кожув имаше водство од 9 поени, 23:14. Во втората четвртина Кожув ја декласира Сигал Приштина и на полувреме замина со водство, 43:24.
Гостите во третата четвртина ја намалуваше негативата, а пред последните десет минути резултатот на семафорот стоеше 56:49. Домашните кошаркари ја задржаа предноста во последната четвртина од натпреварот и на крајот победија со 73:65.
До победа Кожув беше предводен од Мијовиќ со 24 поени. МекНил додаде 13, а Крстевски 12 поени. Кај Сигал Приштина најефикасни беа Делиќ и Хајризи со по 16 поени.