Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Атлетико Мадрид вчера гостуваше кај Џирона со која ремизираше 1:1.
Во досегашните 14 кола, „Јорганџиите“ имаат еден пораз, но и седум ремија и тоа е причина поради која овој тим го зазема третото место со три бода помалку од водечката Барселона.
Јасно е дека Атлетико тешко ги губи дуелите во Ла Лига, но реми резултатите се фрсутрирачки за сите навивачи и играчи на овој клуб, меѓу кои е и Коке.
„Нашиот проблем е тоа што премногу ремизираме. Мораме да почнеме да победуваме во ваквите натпревари, бидејќи едноставно, да се освои еден бод не е исто како и сите три. Посебно ми е жал за ремито со Барселона во изминатото коло“, со жалење истакна искусниот фудбалер и додаде:
„Мораме да продолжиме вака, но малку почесто да победуваме, бидејќи ова е малку фрустрирачки за нас. Ќе продолжиме да се трудиме и бориме со надеж дека ќе дојдат и победите“.
Прилика за враќање на триумфалниот колосек Атлетико ќе има во следната средба против Алавес.