Колку интересно лето на повидок: Каде Алегри, а каде ќе замине Зидан, се чини се е познато…?!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Лондонски Челси како што се наведува веќе бара замена за италијанскиот тренер Маурисио Сари.

Овој стратег е изложен на големи критики поради слабите настапи на својот тим и нема да биде чудно ако пред крајот на сезоната добие отказ.

Се обидело раководството на лондонскиот клуб да дојде до Зинедин Зидан. Меѓутоа 46-годишниот стратег одбил да го преземе водењето на Плавите бидејќи има други планови.

Тие планови се сосема јасни. Зидан сака работа во торински Јувентус со кој се поврзува откако одлучил да го напушти мадридски Реал во мај 2018. година.

Зидан е подготвен да го преземење водењето на клубот од Масимилјано Алегри, кој лесно би можел да добие отказ, ако Јувентус испадне во осминафиналето во Лигатас на шампионите.

Јувентус е поразен во првата средба со 2:0 и ќе им треба перфектен натпревар да минат натаму. Ако на крајот не успеат да минат, Алегри би требало да стане бвивши, но нема да остане ниту без ангажман.

Токму тој би можел да го замени Сари во Челси. Факт е дека не успеаа да го ангажираат Зидан, па уште еден Италијанец би можел да седне на клупата на лондонскиот тим.

Претходно пред почетокот на сезоната отказ доби исто така и некогашниот тренер на Јувентус, Антонио Конте, па тимот го презеде Сари, но очигледно дека ниту тој нема долго да ужива во убавината на Лондон.

Зидан од друга страна би можел да го преземе Јувентус. Раководството на тимот со сите сили сака да го ангажира и верува дека токму тој ќе им го донесе толку посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите.