Колку се изменија работите во фудбалот: Дали знаете колку би вредел Кварезма денес?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Знаете ли колку би вредел мајсторот ако денешните цени беа пред 10 години?

    Рикардо Кварезма доживува втора младост во Турција.

    „Никогаш не би помислил дека ќе играм толку долго, овде ме примија одлично, ме тритираат како Бог. Ова е моја куќа, иако малку ми недостига да зборувам португалски.“

    Тој е ветеран, но не жали што парите не биле исти во време кога тој беше млад.

    „Сите ми велат дека би вредел 100 милиони денес ако ваков однос беа цените и класите. Мислам дека претеруваат, но сега вредам околу 70.“

    Кога дојде од Порто во Интер беше платен 20-на милиони, плус младиот Пеле замина во Португалија.

    Многумина не се сеќаваат дека „Тривела“ го викаа Италијанците, уште на почетокот на векот потпиша за Барселона, тој трансфер во 2003 година изнесуваше 6 милиони евра, но не се разбираше најдобро со Рајкард, па замина од клубот.