Конечно Англија го добива тоа што и треба: Се враќа навивачкиот менталитет!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Управата на најсилните англиски фудбалски клубови одржаа во Лондон состанок на кој разговараа за повторно воведување на места за стоење на трибините.

    Местата за стоења на стадионите се забранети од 1989 година кога на стадионот „Хилсбороу“ во Шефилд загинаа 96 навивачи на Ливерпул. Сегашниот закон вели дека сите трибини мораат да имаат места за седење.

    „Овој проект е тежок и има многу работа пред да се создадат услови за такво нешто. Меѓутоа, ќе го направиме првиот чекор кон таа цел.“

    Водството на лигата побара од клубовите да ги истражат техничките, правните и сигурносните прашања за да се реализира овој проект.

    „Тоа е сложено и емотивно прашање за сите нас. Мислењата се разликуваат од клуб до клуб.“

    Шкотскиот шампион Селтик оваа сезона направи 2.900 места за стоење, а англиските клубови се надеваат дека такво нешто може да се случи и во ПЛ.

    Претставниците на Манчестер Јунајтед неодамна го посетија „Селтик Парк“ за да се уверат на лице место како функционира тоа. Меѓутоа, тие не се сложуваат со овој потег.

    „Тоа би било чекор назад. Очигледно лесно ја забораваме историјата и тоа што се случи. Мислам дека тоа е чекор во погрешна насока.“