Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Што познатиот менаџер има да му понуди Милан?
Директорот на Милан, Леонардо ќе има полни раце работа за да го засили својот тим за оваа, но и следната сезона.
Во таа насока, Бразилецот веќе размислува за потенцијалните засилувања, Пакето од Фламенго е веќе готов договор, но се чека главното засилување – Златан Ибрахимовиќ.
Швеѓанецот е тивка надеж за „Росонерите“, а нив би можела да ги израдува информацијата дека денес е извршен состанок помеѓу Леонардо и застапникот на Златан, Мино Раиола кој траеше повеќе од четири часа.
Епилогот од се дека се започнати и официјалните преговори од обете страни, а сега останува да се види како тие ќе завршат.
Ибрахимовиќ беше главна, но не и единствена тема, па не би требало да не чуди ако видиме уште неколку „ѓаволски“ пактови.