Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да ја запроси својата девојка Георгина Родригез и тоа во Лондон.
Роналдо, Георгина и Кристијано јуниор минативе денови беа во Лондон на Завршниот мастерс за тенисери, а фотографите забележале свршенички прстен кај Георгина.
Да потсетиме, тие двајца се запознаа во 2016 година кога манекенката работеше во една продавница на „Гучи“ во центарот на Мадрид додека Роналдо бил на шопинг на истата локација.
Во меѓувреме добија и две деца, па беше за очекување дека еден ден ќе „запловат“ во брачните води.