До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
После многу лошиот натпревар против Арсенал, Антонио Конте ќе извади нешто друг тим против Хал во сабота попладне.
Англиските медиуми шпекулираат за потенцијалните замени во екипата на Челси во наредниот меч против Хал, посебно поради натпревар против Арсенал во претходниот викенд.
Се очекуваат три промени, најмногу во последната линија.
Сите сметаат дека Гери Кејхил и Бранислав Ивановиќ после слабиот меч против Арсенал го губат местото во стартниот состав, а наместо нив на теренот Џон Тери кој се враќа после повреда, како и Маркос Алонсо кој во ова лето стигна од Фирентина.
Алонсо на позиција лев бек, а Аспиликуета на десен.
Покрај овие измени, најверојатно и Фабрегас на клупа, на неговото мести ќе го заземе Оскар.
Еве каков Челси се очекува во наредниот меч:
Куртоа – Аспиликуета, Луиз, Тери, Алонсо – Канте, Матиќ, Оскар, Вилијан, Азар – Коста.















