Конте: Челси ќе одлучи дали останувам или не


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Антонио Конте смета дека од таборот на Челси ќе го сторат најдоброто за да го подобрат тимот во текот на летниот преоден рок.

Хадерсфилд обезбеди опстанок во Премиер Лигата со бодот кој го освои на „Стемфорд Бриџ“, а со ова реми Челси е се подалеку од Лигата на шампионите.

„Оваа сезона со сигурност ова е мој последен натпревар овде. Не само за мене, туку и за сите играчи. Немам ништо друго да додадам. Другото не е моја работа, тука се луѓето од клубот да пресудат и да ја донесат најдобрата одлука. Сега најважно е да останеме фокусирани и да ја завршиме сезоната на најдобар можен начин. Имаме уште еден натпревар и потоа финале во ФА Купот“- коментираше Конте по крајот на натпреварот против Хадерсфилд.